Автомобил со кичевстви регистарски ознаки и товарно возило од Велес се судрија пред малку на патниот правец Охрид – Кичево на планинскиот премин Пресека.
Според очевидци во несреќата со тешки повреди се здобило едно лице од патничкиот автомобил.
На местото на настанот се екипи на полицијата, пожарна и брза помош, а поради несреќата сообраќајот на овој патен правец во моментов е во застој.
Следуваат повеќе информации, објавува Охридњуз.