Утрово малку по 8,30 часот на крстосувањето меѓу улиците „Рузвелтова“ и „Орце Николов“ во скопско Дебар маало на пешачки премин е соборена девојка, велат очевидци за Нетпрес.
Од приложените фотографии може да се види како граѓани укажуваат помош на лице кое е на асфалтот пред запрени возила.
Засеге нема информации за поединостите од инцидентот во строгото градско подрачје, а од МВР информираат дека подоцна ќе излезат со детали за настанот.