понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО+ВИДЕО Почна окупацијата на Атина!

Автобуси ќе бидат поставени како „бариера“ со цел да се избегне блиска средба помеѓу ултралевичарите и екстремните десничари од „Златна зора“ кои и синоќа протестираа.
ФОТО+ВИДЕО Почна окупацијата на Атина!

Народ веќе почна да се  концентрира во Синтагма, откако од синоќа пристигнува со сите можни превозни средства од сите страни на Грција, за да учествуваат на митингот за „одбрана на Македонија“, што треба да започне во 14 часот.

Утринава, околу 1.000 луѓе од островот Крит со три брода пристигна во пристаништето Пиреја.

Повеќето од нив облечени во традиционални облека и опремени со грчки знамиња.

Вчера, во метрото во Атина се „појавија“ лица облечени во стилот на некогашните спартански борци што предизвика комични реакции и на социјалните мрежи.

На пешачки премини во Атина можат да се забележат луѓе во античка одора и шлемови.

Утринава почнаа да пристигнуваат првите автобуси од Солун и од други делови. Организаторите проценуваат дека вкупно 2.500 автобуси ќе ги пренесат луѓето во Атина за митингот, покрај оние кои ќе допатуваат со сопствени автомобили.

Трговци кои продаваат знамиња има на секој агол.

За да се избегнат инциденти, по најавата на анархисти дека планираат да демонстрираат пред почетокот на митингот,  полицијата  презема силни мерки.

Автобуси ќе бидат поставени како „бариера“ со цел да се избегне блиска средба помеѓу ултралевичарите и екстремните десничари од „Златна зора“ кои и синоќа протестираа.

Улиците во центарот ќе бидат затворени, а за мирот ќе се погрижат 19.000 полицајци.

Најнови вести