понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Владата покажува негрижа кон националните симболи- искинати знамиња ги пречекуваат туристите

Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, изминативе месеци покажува сериозна негрижа кон националните симболи. Жална и срамна е глетката за тоа како владата се однесува кон националното знаме.

Распарталено знаме ги пречекува илјадниците туристи на местото каде е поставен крстот на манастирот „Св. Преображение“ во близина на истиот.

Огромниот број туристи кои речиси секојдневно се присутни во Крушево покрај убавините и местата кои ги посетуваат, може да ја видат и негрижата на владата кон еден од националните симболи, македонското знаме.

Иста е сликата и на граничниот премин Деве Баир, каде само бугарското знаме е целосно. За разлика од него, македонскиот национален симбол и тука и распартален, што само уште еднаш ја потврдува негрижата на актелната власт.

Менувањето на знамињата е работа и обврска на владината служба за заеднички и општи работи, која очигледно покажува врвна негрижа за ова прашање.

Срамната слика секојдневно можат да ја видат илјадници туристи кои ја посетуваат земјава, но сепак тоа не е доволна причина Владата на СДСМ и службата задолжена за менување на знамињата да се погрижи околу промена на ваквата тажна слика со која се понижува македонското знаме.

Најнови вести