Вчерашниот предлог на Франција до Бугарија и Република Македонија за решавање на спорот е идентичен со првичниот што беше изгласан во бугарскиот парламент, изјави француската амбасадорка во Бугарија, Флоренс Робин.
-Предлогот, не се разликува од првиот и целосно ги штити правата на малцинствата во Заедницата, вклучително и Бугарите. Документот е идентичен со првиот, веќе изгласан во бугарскиот парламент и не треба ново разгледување во нашата земја, изјави рече таа за Еуроњуз и нагласи дека „Париз не изврши притисок врз Бугарија во спорот“.
Документот се одржува во духот на претходниот договор, кој бугарскиот парламент веќе го изгласа и нема потреба повторно да се разгледува. Ова е компромисен предлог. Не го ревидира, туку го рафинира (пречисти, обработи) претходниот документ. Воспоставивме рамка за добрососедство во односите меѓу двете земји и тоа ја потврдува посветеноста на Македонија во заштитата на правата на малцинствата во заедницата“, рече Флоренс Робин.
Амбасадорката Робин се прашува зошто Скопје тврди дека таканаречената втора верзија на францускиот предлог е подобра од првата, пишува БГНЕС. Таа беше категорична дека токму ЕУ ќе биде гарант за исполнување на условите од страна на нашиот југозападен сосед.
-Како ЕУ ќе го гарантира ова? Преговорите не се започнати. Советот на ЕУ годишно го оценува напредокот на Македонија. Програмата за напредок ќе ја оценува секоја земја-членка. Ние ќе гарантираме, додаде таа.