недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Фројдов комплекс кај Спасовски: „Законот за ЈО не е услов за европските перспективи на земјата“?!

Техничкиот премиер Оливер Спасовски конечно призна дека законот за ЈО не е услов за ЕУ, пропагандна агенда која неговата партија СДСМ ја тера повеќе од половина година. Со една единствена изјава, тој призна дека не се работи за ЕУ. Познавачите прашуваат, дали во прашање, сепак, е спасот на Зоран Заев, кој треба преку законот да се спаси од криминалите и казната која следува за нив? Интересна и извртувачка е и оценката на Спасовки за „добрата дебата“, имајќи предвид дека во експертската дебата СДСМ загуби со 5:0 во однос на аргументите на опозицијата. Признава ли и овде Спасовски преку Фројдовиот комплекс (кога потсвеста работи и несакајќи ја кажувате вистината) дека аргументите не се на нивна страна, исто како што вели и за маглата која се трга  - се појасно се гледа дека поентата на новиот закон за ЈО е спас на Заев и врхушката на СДСМ.
Фројдов комплекс кај Спасовски: „Законот за ЈО не е услов за европските перспективи на земјата“?!

Техничкиот премиер Оливер Спасовски конечно призна дека законот за ЈО не е услов за ЕУ, пропагандна агенда која неговата партија СДСМ ја тера повеќе од половина година. Со една единствена изјава, тој призна дека не се работи за ЕУ. Познавачите прашуваат, дали во прашање, сепак, е спасот на Зоран Заев, кој треба преку законот да се спаси од криминалите и казната која следува за нив?

Спасовски бил голем оптимист за усвојувањето и порачува дека иако не бил услов за европските перспективи на државата, сепак законот за ЈО бил позитивен аргумент за пред членките на ЕУ за добивање датум за преговори. Се повеќе се расчистувала маглата околу законот, факт oколу кој сите познавачи се согласуваат. А во маглата велат, се крие судбината на Заев.

Тој очекувал и предлог-законот за Јавно обвинителство, за којшто е потребно двотретинско мнозинство за да биде разгледан на пленарна седница и усвоен од Собранието.

-Неколкупати истакнав дека многу е важно за иднината на државата да се донесе Закон за ЈО. Иако тој не е  услов за европските перспективи на државата, но е добар позитивен пример и аргумент со кој можеме да настапиме пред државите членки на ЕУ при добивање на датумот за почнување на преговорите. Мислам дека добро се развива и целата дебата околу законот за ЈО и како тече расправата, дали е тоа во Влада, дали е тоа во комисиите во Собранието, мислам дека се повеќе се расчистува маглата околу тоа кои се поентите и зошто треба да се донесе законот. Јас очекувам дека овој закон ќе се разгледа на пленарната седница и дека ќе биде усвоен од Собранието, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.

Интересна и извртувачка е и оценката на Спасовки за „добрата дебата“, имајќи предвид дека во експертската дебата СДСМ загуби со 5:0 во однос на аргументите на опозицијата. Признава ли и овде Спасовски преку Фројдовиот комплекс (кога потсвеста работи и несакајќи ја кажувате вистината) дека аргументите не се на нивна страна, исто како што вели и за маглата која се трга  – се појасно се гледа дека поентата на новиот закон за ЈО е спас на Заев и врхушката на СДСМ.

Најнови вести