Прво, најприродна работа е покренување на иницијатива за недоверба на Владата по изборниот дебакл, и второ политичката криза во државата, ситуацијата е многу лоша има енергетска криза, лошо справување со корона кризата, буџетскиот дефицит и сето тоа донесе до тоа опозицијата да бара отчетност од Владата, рече Марјан Ѓорчев, поранешен пратеник и советник на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на дебатата на телевизија 24.
Тој објасни дека кога се поднесува иницијатива за недоверба на владата се собираат потписи за истата.
„Кога опозицијата покренува иницијатива се ставаат потписи, а што се случи пратеник од Беса, а сите знаеме што значи беса, да стави потпис и да не се појави на седница. Многу е симптоматично зошто не се појави. Можеше да се појави да гласа против, зошто тоа не го кажа на претседателот на својата партијата. Едноставно чудно е зошто тој не се појави“, рече Ѓорчев.
Според него, снежната топка, ја продуцираше премиерот Зоран Заев кој по завршување на гласањето, или на крај на изборниот ден на локалните избори.
„Тогаш тој не најави оставка, туку рече поднесувам оставка, а тоа е изјава и збор даден во јавност, а тој е премиер“, посочи Ѓорчев.
Ѓорчев вели дека многу е легитимно да се побара гласање на недоверба и сега треба да се види што понатаму.
„Денес требаше да видиме дебата, да го видиме степенот на демократија. Но, некој да прејудицира дека само една партија или една коалиција ги брани европските вредности е бесмислено“, рече Ѓорчев.