вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Проблемот е што сите сфатија дека кога ќе му треснат на маса на Заев тој се ќе испорача, така Македонија ги изгуби позициите на меѓународната сцена

Ѓорчев: Проблемот е што сите сфатија дека кога ќе му треснат на маса на Заев тој се ќе испорача, така Македонија ги изгуби позициите на меѓународната сцена

Владимир Ѓорчев, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во „Анализа 24“ што се емитува на телевизја 24 рече дека Португалија како претседавач со ЕУ се обидува да најде една средина за надминување на проблемот со Бугарија. Тој додаде дека Зоран Заев ја доведе Македонија во најлоша позиција, урниса се, се колнеше дека нема да го менува Уставот и името.

-Немам доверба во владата и министрите кога преговараат за позициите на Македонија, а преговараат Зоран Заев, Артан Груби, Бујар Османи, Бојан Маричиќ, не им верувам нив, ниту на било кој од Владата. Проблемот е што сите во регионот сфатија дека кога ќе му треснат на маса на Зоран Заев тој се ќе испорача. Така Македонија ги изгуби позициите на меѓународната сцена. Македонија стана канта за удирање, рече Ѓорчев.

Според него ветото од Бугарија следеше затоа што официјална Софија знае дека кога тогаш Заев ќе попушти.

-Заев се колнеше во македонската жица, во своите деца дека нема да менува ништо, а што направи – смени се, рече Ѓорчев.

Ѓорчев укажа дека Македонија не е блокирана само од Бугарија, туку и од Грција и тоа денес поради твит на Заев.

-Македонија е блокирана од сите страни, не само од Бугарија за преговори со ЕУ, сега и Грција најавува блокади. Едноставно не верувам на никој од оваа Влада, рече Ѓорчев.

Најнови вести