Членот на ИК Орце Ѓорѓиевски, заедно со Ане Лашкоска и претседателот на ОК Петар Ристески имаа состанок со месните комитети во Прилеп.
Орце Ѓорѓиевски истакна дека немањето капацитет да се спроведат реформите кои се потребни, лошата економска политика на оваа власт, партизираноста на судството и администрацијата, како и политичкиот прогон се главната причина зошто државата се соочува со неуспех.
-500.000 граѓани живеат во сиромаштија, просечната плата падна за 1200 денари, за две години се зголеми јавниот долг за над половина милијарда евра, политичкиот прогон стана пракса, се делат милионски тендери на фирми блиски до власта, единствен услов да се стигне до работно место е роднинската поврзаност со некој функционер од власта, а криминалот царува на улиците, тоа е Република Македонија со СДСМ, ни малку европска, подвлече Ѓорѓиевски