петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиевски: Во ЕУ не се влегува со ваква криминална влада

Ѓорѓиевски: Во ЕУ не се влегува со ваква криминална влада

Во вечерашното издание на Отвореното студио на Алфа телевизија, Орце Ѓорѓиевски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Македонија не може да стане дел од Европската Унија со криминална влада каква што е владата на Зоран Заев. Имено, тој посочи дека за година и половина владеење на СДСМ, државата е во хаос, а капитулации има на секое поле. Во Европската унија забележа Ѓорѓиевски не може да влеземе со нерасчистени убиства на секој чекор и со криминална власт, ниту пак без притоа суштински да ги промениме состојбите во државата.

-За интегрирање на Македонија во ЕУ треба најпрво внатрешно да се променат и да се уредат некои работи. Ако земе во предвид во каква состојба е доведена Република Македонија изминатава повеќе од година и половина, во време на владеењето на СДСМ ќе видиме дека имате хаос низ државата, капитулации имате на секое поле во секој ресор во секое министерство. Да го земеме земјоделие, да земеме образование, да земеме министерството за внатрешни работи. Тука би додал дека нема ден во РМ поминат на нашите граѓаните без страв, имаме убиства на секој чекор се претворивме во Дивиот Запад и ние ќе кажуваме дека доколку сето ова помине со договорот, а притоа ништо суштински не смениме внатрешно во уредувањето на Република Македонија дека ќе не прими некој во ЕУ. Во ЕУ не се влегува со ваква криминална влада, во ЕУ не се влегува со вакви политички маргиналци од типот на Зоран Заев. Во ЕУ се влегува со средени состојби во секоја сфера на живеењето во Република Македонија, потенцираше тој.

Најнови вести