среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиевски: Недобрата организираност на градската управа доведе до тоа градот да тоне во ѓубре, градската власт сакајќи да си ги задрские неуспесите постојано лови и обвинува некого

Ѓорѓиевски: Недобрата организираност на градската управа доведе до тоа градот да тоне во ѓубре, градската власт сакајќи да си ги задрские неуспесите постојано лови и обвинува некого

„Иако неколку дена градот тонеше и беше во отпад како градоначалници повикавме да реагираат градските служби бидејќи градот Скопје не е само „Комунална Хигиена“, туку има и други останати претпријатија „Улица и Патишта“ , „Водовод и канализација“ , „Паркови и зеленило“ итн. Требаше сите служби да се вклучат и требаше пред ние да алармираме а не да констатираат само со денови дека има проблем во Скопје и дека се таложи отпад“, истакна Градоначалникот на Општина Кисела Вода и Претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.

Тој додаде дека виновникот се знае и е точно детектиран. Тоа е градската управа и неспособноста на градската власт да се справи со проблемите.

„Недозволиво за мене и сите останати е да дозволиме иако тоа не е наша надлежност туку така да ги оставиме работите да се одвиваат со проблемот за кои граѓаните плаќаат за нормално да се одвива тој процес“, рече Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека градската управа се некого лови некого по институциите сакајќи своите неуспеси да ги задрские со тоа што ќе го обвинат некого.

„Нашите граѓани не ги интересира кај кого е кривицата или кој е виновник за одредено функционирање туку граѓаните сакаат да имаат чисти улици, средени паркови, експедитивни постапки брзо да им се вршат процесите за кои плаќаат“, вели Ѓорѓиевски.
Тој посочи дека станува збор за недобра организираност, некадарност и некапацитетност на градските служби.

„Од страна на градот и градската управа без при тоа да се направи анализа, план и за жал еве и да се во право да станува збор за група од 40 луѓе кои сакаат да ја оправдаат нефункционалноста нивна никој тоа не го оспорува и заштитува. Јас сум прв од самиот почеток кој повикува дека законот треба да се почитува и ако некој го прекршува законот треба експедитивно да се реагира“, дециден е Ѓорѓиевски.

Тој кажа дека ако не изреагирале самите општини тогаш сеуште ќе траел молкот од нивна страна и немаа да имаа реакција

„Единствена работа што ни преостануваше гледајќи ги како тонат нашите општини и градот Скопје и доведувајќи го градот Скопје под знак прашалник за здравјето на нашите сограѓани не ни преостануваше ништо друго освен да излеземе и да реагираме на нивното нереагирање“, потенцираше Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека откако реагирале добиле блокада пред влезот на ЈП „Дрисла“ .

„Иако не е наша обврска сепак не смееме да го оставиме мојот народ во Кисела Вода кој ми дал поддршка со кои функционирам да биде доведено под знак прашалник нивното здравје“, заклучи Ѓорѓиевски.

Најнови вести