Треба децентрализација, односно прераспределба на средствата и ингеренциите од страна на комунално кон општините, вклучувајќи ја механизацијата, камионите и возилата кој се наоѓаат таму. Со многу помалку ресурси, многу помалку средства ние ќе постигнеме многу поголем ефект затоа што самите ќе реагираме во делот каде што некој треба да реагира а гледаме дека реагира несоодветно“, истакна Градоначалникот на Општина Кисела Вода и Претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.
Тој додаде дека кова не е процес кој од денес за утре се решава и треба анализа, но не е нерешливо прашање.
„Со тоа ќе имаме поескпедитивна услуга за нашите граѓани, поквалитетна услуга и многу помалку ресурси ќе се одлеваат непотребно како што било случај со години“, вели Ѓорѓиевски
Ѓорѓиевски истакна дека градоначалниците заеднички дискутирале на оваа тема со градоначалничката Арсовска кога имавме комуникација, но денеска таа немала став.
„Ако се вистински поборници за претпријатието да го доведат на прав пат, тогаш еве и вистинска форма тоа да го направиме. Вистинска форма да заштедиме како што треба, да ги прераспределиме ресурсите по општини и секој сам нека си менаџира колку што е способен“, потенцираше Ѓорѓиевски.