сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Груби во Тирана на средба со албанскиот премиер: Рама го пречекал со пораката „попишисе“ во пресрет на пописот!

Груби во Тирана на средба со албанскиот премиер: Рама го пречекал со пораката „попишисе“ во пресрет на пописот!

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби за време на вториот ден од престојот во Албанија, денеска оствари средба со албанскиот премиер Еди Рама.

Рама, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, го пречекал Груби со пораката census.stat.gov.mk.

Двајцата соговорници го поздравиле фактот дека меѓу двете држави нема ниедно отворено прашање, а на средбата станало збор и за спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија при што се согласиле дека проблемите и отворените прашања меѓу соседите треба да се надминат преку дијалог.

Груби и Рама размениле мислења и за Коридорот 8, за кој албанскиот премиер рекол дека тоа е владин приоритет во Албанија, а Груби информирал дека во Северна Македонија се работи на завршување на изградбата на овој коридор.

Двајцата соговорници ја пофалиле досегашната посветеност на дијаспората од Северна Македонија, бидејќи за помалку од еден месец повеќе од 130.000 луѓе одговориле позитивно на поканата за регистрација.

На средбата станало збор и за новите можности за проширување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан.

Најнови вести