вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од Никола Груевски против премиерот Зоран Заев, потврдија од судот за „Макфакс“. Причина е тоа што Груевски преку адвокат во меѓувреме ја повлекол тужбата против Заев за неговата изјава за случајот случајот „Македонска банка“.

Од Основниот суд Скопје 2 за „Макфакс“ велат: „Тужителот преку својот полномошник со поднесок го извести судот дека се откажува од тужбеното барање во целост. Со оглед на наведеното, на  8.01.2019 година, вон рочиште донесена е пресуда врз основа на одрекување, согласно со чл.318 од Законот за парнична постапка“.

Ова следува откако во септември лани пет врховни судии oдлучија позитивно за барањето за ревизија кое го поднесоа адвокатите на Заев. Со правосилна пресуда Заев беше осуден дека јавно го наклеветил експремиерот Никола Груевски за продажбата на „Македонска банка“.

Целата вест прочитајте ја на Макфакс.

Најнови вести