петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хаос во болницата во Струмица: Со коронавирус заразени доктори, медицински сестри и административци

Хаос во болницата во Струмица: Со коронавирус заразени доктори, медицински сестри и административци

Двајца лекари, три медицински сестри и двајца административци од струмичката болница се позитивни на Ковид-19 и се во домашна изолација, потврди директорот на ЈЗУ „Општа болница Струмица”, д-р Наќе Гогов, пренесе Канал 5.

Според него отсуството од работа на лекарите и сестрите се чувствува во секојдневното работење и тешко се организира работата на одделенијата од каде се заразените.

-Обезбедуваме персонал од другите одделенија, каде што нема позитивни. Засега успеваме, но тешко. Тие се веќе седум денови во изолација и се надевам дека бргу ќе се вратат на секојдневните обврски, рече директорот Гогов.

Информираше дека се полнат капацитети во болницата каде се примаат ковид-пациенти. Во дополнителниот адаптиран простор на поранешните хирурушки амбуланти има слободни само два кревети, додека капациетите на Инфективното оделение се оддамна полни.

-Доколку не почне да се намалува бројот на заразени во нашата општина, тогаш и првиот спрат од новиот болнички крак ќе го подготвиме за прием на ковид-пациенти, додаде директорот.

Најнови вести