вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хронично болни се жалат оти за преглед се чека и повеќе од шест месеци

Хронично болни се жалат оти за преглед се чека и повеќе од шест месеци

Срцево болни пациенти ставени на стенд бај. Се жалат оти со месеци не можат да стигнат до контролен преглед кај своите специјалисти бидејќи повеќето клиники го намалиле обемот на работа. Велат за преглед се чека и повеќе од шест месеци, пренесува телевизија Алфа.

– Со срцево заболување имам вграден стент. Последен пат на преглед бев кон крајот на монатата година. Докторот тогаш ми рече задолжителна контрола после шест месеци, но мојата матична докторка не може да најде термин за мене откако почна корона пандемијата. Што да правам јас, хронично болна, со вграден стент без контрола цела година?, вели пациентка со срцево заболување.

Дека капацитетите за работа во болниците се намалени покажува и системот Мој термин. На пример на Клиниката за пулмологија амбуланта држат едвај четворица лекари, а пред пандемијата ги имаше најмалку двојно повеќе. Уште поалармантно е на Кардиологија, каде во системот се јавуваат имињата на само двајца доктори, но слободни термини нема.

Целиот текст може да го прочитате на АЛФА

Најнови вести