среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хронично болните “фрлени во оган“: За да бидат ослободени од работа мора да трчаат по болниците и се втурнуваат во дополнителен ризик

Хронично болните “фрлени во оган“: За да бидат ослободени од работа мора да трчаат по болниците и се втурнуваат во дополнителен ризик

Во Македонија коронавирусот буквално покосува. Бројот на починати надмина 1000, а бројот на активни случаи е над 10.000.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 32.436. Во најголем ризик се хронично болните лица, но според владината одлука тие пред повеќе од еден месец беа вратени на работа. Ослободени во моментов се само тешките случаи, но за да ја добијат таа потврда, тие минуваат низ хаос.

Имено, исклучок од одлуката хронично болните да одат на работа секој ден се само пациентите кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои треба да биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување, согласно соодветниот правилник од Фондот за здравствено осигурување.

Но, хронично болните за да дојдат до тој документ треба себеси да се стават на голем ризик. Дел од хронично болните ја контактираа редакцијата на КУРИР раскажувајќи низ што треба да поминат за да можат да бидат ослободени од работа, не затоа што не им се работи, туку дека состојбата за нив е силна опасност.

Македонски граѓанин посочува дека изјавата на Венко Филипче дека хронично болните се ослободуваат од работа со извештај од специјачист-не е точна.

-Филипче вели дека ние, хронично болните, сме биле ослободени од работа со известај од специјалист, тоа не е точно. Ние со извештајот од специјалист одеме кај матичниот доктор. Матичниот не’ праќа на Комисија за боледување, Комисијата за боледување ни дава еден месец боледување и потоа ни пишува контрола. Ние пак за еден месец треба да одиме  по болниците кај специјалистот за нова препорака и пак комисијата да ни одговори колку ќе ни продолжи боледување. Во ек на пандемијата корона ние хронично болните мораме по болници да одиме по извештај секој месец за боледување. Нели е срамота да не’ малтертираaт по болниците. Oдејки по болниците по извештаи секој месец постои голема веројатност да се испозаразиме. Ние не сме ослободени туку одиме на боледување, истакнува хронично болен граѓанин во своето сведоштво за КУРИР.

Обвинува дека хронично болните минуваат низ пекол, а министерот за здравство се чувствуваат дека ги прави будали.

-Да не дозволувате Венко Филипче да ве лаже вас и да не’ прави будали нас.  Треба да се знае хронично болните секој месец низ што се’ треба да поминат, пекол, страв да не се испоразболат за да отворат или да им се продолжи боледување. Хронично болните одат по болниците во ек на пандемија за извештаи за комисијата да им продолзува боледувањ секој месец. Ние не сме ослободени од работа туку трчаме по болниците, а до боледување низ пекол поминуваме. Има случаи каде за дијагноза канцер Комисијата за боледување дава 15 дена. После 15 дена пак на специјалист, пак иста процедура, катастрофа малтретирање и изживување со хронично болните, вели нашиот извор кој е хронично болен пациент и сведок на тоа што се случува.

Хронично болните се чувствуваат како буквално да се фрлени во оган. Јавно бараат министерот Филипче и Комисијата со која раководи Караџовски да ја преиспитаат одлуката за нив. Хронично болните лица се во висок ризик и ова низ што мора да поминуваат дополнително може да го влоши нивното здравје. Стравуваат дека по клиниките можат да се заразат со коронавирус, тие се најризичната категорија.

Најнови вести