петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хрватска, Бугарија, Србија и Грција почнаа со вакцини против корона, Македонија со Филипче уште нема ни за обичен грип

Хрватска, Бугарија, Србија и Грција почнаа со вакцини против корона, Македонија со Филипче уште нема ни за обичен грип

Сите земји во регионот започнаа со вакцинација на населението против КОВИД-19, а Македонија тапка во место. Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев не знаат точно кога ќе пристигнат вакцините во државата. Граѓаните стравуваат дека предоцна ќе ги добијат вакцините како што беше случајот со вакцините против обичен грип.

БАЛКАН СЕ ВАКЦИНИРА, МАКЕДОНИЈА СЕ МИСЛИ

Деновиве неколку држави во регионот започнаа со вакцинација на своето население против КОВИД-19, а Македонија според најави на министерот за здравство Венко Филипче би започнала вакцинација можеби почетокот на месец март наредна година.

Според српскиот претседател од денес прво ќе се вакцинираат корисниците на домовите за стари лица, бидејќи тие се најзагрозени. Вучиќ најави дека вакцина ќе примат и челновите на државното раководство,тој, премиерот или д-р Дарија Кисиќ. Со тој чин тие би им упатиле порака на граѓани за потребата од вакцинирање и за безбедноста на вакцината Фајзер. Во Србија вчера пристигнаа првите 4.875 дози, на вакцини од компанијата „Фајзер-Бионтек“. Српскиот претседател најави дека во наредниот период ќе пристигнат уште повеќе дози.

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ на владина седница соопшти дека вкупниот број на случаи во последните седум дена е 17.000, што е за 28 проценти помалку од претходните седум дена. Министерот за здравство Вили Берош повтори дека првите дози на вакцината пристигнуваат на 26 декември, а ќе пристигнат 9.750 дози на вакцината.

„Откако Агенцијата за лекови и медицински помагала издаде согласност, вакцинацијата започнува на 27, 28 и 29 декември, односно во деновите на вакцинација против корона вирус на ЕУ. Планот за дистрибуција на вакцините е развиен според окрузите“, рече Вили Берош, министер за здравство во Хрватска.

„На 24 декември сите камиони со вакцини заминуваат од Белгија кон сите европски земји. Веројатно или на 25-ти навечер или на 26-ти наутро Бугарија ќе биде подготвена да го пречека камионот во Софија“, изјави за БНТ државниот здравствен инспектор Ангел Кунчев.

– Ќе започнеме на 27 декември во Софија, Пловдив и Бургас. Ќе опфатиме околу 5.000 здравствени работници. Ќе пристигнат 10.000 дози, но ќе покриеме 5.000 лица, бидејќи сакаме да се осигураме дека втората доза е резервирана за нив, појасни Кунчев.

– Оценуваме дека првите пратки од вакцината во нашата земја ќе стигнат на 26-ти декември и од следниот ден, од 27 декември дека ќе може да почнеме со првите вакцинации во пет болници во Атина, а веднаш потоа и во Солун, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот од работниот состанок за националниот план за вакцинација и откри дека први ќе се вакцинираат една медицинска сестра и еден повозрасен граѓанин.

Грчкиот премиер повтори дека лидерите на политичките партии и политичарите ќе бидат меѓу првите кои ќе се вакцинираат „за на тој начин да ја покажат доверба во науката“

ТЕРМИН ЗА ВАКЦИНИ НИ ФИЛИПЧЕ НЕ ГО ЗНАЕ

Според информации кои ги произнесува министерот за здравство Венко Филипче македонските граѓани вакцината против КОВИД-19 ќе ја добијат најверојатно во февруари или март. Иако и тој термин е под знак прашање.

Министерот за здравство Венко Филипче на една од своите прес конференции овој месец истакна дека очекува вакцините против КОВИД-19 во Македонија ќе стигнат во месец март.

– Сите земји ги имаат истите активности, фокусирани се на вакцината како и ние. Најавата преку Ковакс системот, иако не конкретно, е дека вакцините треба да ги добиеме во месец март, како ние така и останатите земји од регионот кои имаат случено договор преку Ковакс систелот, рече Филипче.

Претседателката на Комисијата за имунизација д-р Александра Грозданова исто така на едно од своите интервјуа потврди дека во согласност со капацитети кои ги имаат, и според неа, првите дози реално би требало да се очекуваат во првото тримесечје (јануари – март) од идната година.

„Прашање е и колку животи ќе згаснат, па и колкумина ќе останат со тешки последици заради доцнењето на Филипче? Одговор „првите МЕСЕЦИ од следната година“ е премногу неодреден и прави огромна разлика. Така Филипче велеше дека не очекува повеќе од 2.000 заболени за денес да имаме црна бројка од над 2.000 починати! Филипче може да играат со такви паушални изјави, на пример колку цигли му требаат за приватната касарна на Водно. За ваква неодговорност, со неодговорност кон здравјето на целата нација, Филипче, Заев па и Караџовски мора да сносат одговорност“, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во вчерашната прес конференција.

– Ни велеа има вакцини па ќе преговараат, а јавноста не знае ништо. Потоа разбравме дека до производителите пратиле само писмо дека сме заинтерсирани и рекле во ред е. Но, сериозна земја преговара уште на почеток. Не знам зошто се чекаше КОВАКС механизмот. Во Буџетот ние не гледаме дел за набавка на вакцини, значи ќе треба ребаланс. Значи мора добро планирање, а не вака како кај нас, рече Игор Николов, претседател на Комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ во свое вчерашно гостување.

Најнови вести