Времето утре прeтпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени Целзиусови, а дневните од 24 до 32 степени.
Во Скопје слично време со температура до 30 степени.
До петок ќе се задржи нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Во петок температурата на воздухот ќе опадне од 5 до 7 степени, информират од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).