Еден од главните идеолози на владејачката СДСМ, новинарот Бранко Тричковски во скандалозна колумна објавена во владиниот весник „Слободен печат“ на најбрутален начин повикува за убиство на претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов.
-Луѓето имаат природно право да се качат на Водно и да го обесат на првиот лустер. Да го наденат на некое александриско копје и да го фиксираат во мозаикот на Чемерски. Покрај глупавите здрвености на неговите гардисти. Да го мумифицираат во позата на Лудакот од Паљурци. Да го наредат покрај некоја тараба како мало смешно Чаусешче и да го стрелаат, вели Тричковски во својата грозоморна колумна која предизвика рекации на социјалните мрежи.