сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ИДНАТА НЕДЕЛА СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: На оваа временска прогноза најмногу ќе и се радуваат децата (ФОТО)

ИДНАТА НЕДЕЛА СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: На оваа временска прогноза најмногу ќе и се радуваат децата (ФОТО)

Времето во Македонија овие денови е претежно облачно и со врнежи од дожд, но она што го најавува „AccuWeather“ во декември речиси најмногу ќе ги израдува децата и скијачите во Македонија.

Имено на самиот старт на месец декември речиси сите македонски повисоки планини ќе забелат, а особено прогнозата најавува снег во Маврово.

Снегот обилно ќе врне три дена и тоа од четврти до шести декември, а најниската температура ќе изнесува -4 степени во петок на шести декември.

Освен за во Маврово за регионот во кој што влегува и Македонија, според прогнозите се очекува декември да има просечна температура со околу степен и половина над просекот.

Постои и можност на повремено спуштање не екстремно студени воздушни маси од Арктикот кој би ги спуштиле температурите на воздухот и под 20 степени, но ова е сосема нормална појава за нашиот дел од Европа во текот на зимскиот период. Исто така со спуштањето на студените воздушни маси од Арктикот и северот и од североисток од Европа и судирајќи се со топлите морски воздушни струење над нашите краишта, може да се формираат циклонски системи кои условуваат врнежи од снег и вистинска снежна бајка, но ова ќе се случува во првите месеци од следната година.

За Нова година се очекува поприлично топла ноќ, па наместо снег граѓаните можат да очекуваат дождлив ден. Долгорочните прогнози укажуваат дека оваа зима ќе биде мека, со невообичаени и натпросечни температури.

Што се однесува до снегот, на пониските места се очекува тој да се појави некаде во втората половина од декември, односно во периодот од 24 до 26 декември.

Но важно е да се спомене дека тоа е само појава на снег, но не и снежна покривка која со нетрпение ја очекуваат најмладите. Можно е тогаш да ги видиме снегулките во текот на вечерните или утринските часови, но до формирање на снежни покривки нема да дојде.

Вистинската зима не очекува дури во јануари.

Најнови вести