Зоран Заев ни еднаш не остана на зборот, па така се случи и со оставката најавена на 31 октомври кога СДСМ загуби на локалните избори, но тоа е типично за
Заев, рече аналитичарот Богдан Илиески на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата Само вистина.
Илиески се осврна на посетата на холандскиот премиер Руте и актуелните проблеми во земјава. Посетата на холандскиот премиер Марк Руте, според него е само дел од посета на неколку земји.
-Од оваа посетна нема да се донесе јаглен за РЕК, ниту ќе донесе современа терапија протв корона. Нас тука ни треба реално да се работи и да се решаваат тековните проблеми, рече Илиески.
Според Илиески кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата утре, односно че биде изгласана недовербата на Владата ќе има многу работа. „
-Работите мора да почнат од некаде. Шансата што ќе ја добие екипата на ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се занимава со многу други проблеми како енергетска криза, корона криза, прашањето со Бугарија кое е одамна, и слично, рече Илиески.