четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Има 43 години и се вратил од Англија – детали за случајот со велешанецот кој има Делта сој на коронавирус

Има 43 години и се вратил од Англија – детали за случајот со велешанецот кој има Делта сој на коронавирус

Четириесет и тригодишниот пациент од Велес, кај кого е регистриран делта сојот на ковид-19, се вратил од Англија пред две недели. Лицето е хоспитализирано на Инфективното одделение во болницата во Велес, пренесе СДК.МК.

„Лицето е вратено од Англија пред две недели, а хоспитализиран е седум дена на Инфективното одделение. Пациентот е со полесна клиничка слика и не е на кислородна поддршка“,  рече д-р Елеонора Јованова, портпаролка на Болницата.

Министерот за здравство Венко Филипче утрово кажа дека кај пациент од Велес е регистриран индискиот (делта) сој на коронавирусот, и со тоа, во земјава досега со делта сојот се заразени 4 пациенти, а за уште четворица се чекаат резултатите. Лицата немаат примено вакцина против ковид-19, додаде тој.

43-годишникот е единствен пациент кој е хоспитализиран како позитивен на велешкото Инфективно одделение. Во Велес има уште еден активен случај на ковид-19, според податоците на Институтот за јавно здравје.

Најнови вести