сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски: Замислете Мицкоски да се сликаше со семејствата на yaпсените терористи од ИCИC, како Заев во Диво насеље

Јакимовски: Замислете Мицкоски да се сликаше со семејствата на yaпсените терористи од ИCИC, како Заев во Диво насеље

Вчерашниот ден владата го започна со спектакл, оценува лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

„Првиот: Пронашле тројца потенцијални терористи со елеци. Се сеќавате на Диво насеље? Заев отиде да се слика кај нив во Куманово со тврдење дека тоа било договорена претстава од страна на власта со цел да се отргне вниманието од актуелните теми. Да потсетам таму загинаа 8 полицајци и не се сеќавам колкумина од терористичката група кои имаа митралези, бомби, рачни фрлачи, панцири, ископани тунели, резервни борбени места и што ли уште не. Тие според тогашниот опозиционер не беа теророристи, а овие денес со два елека не терористи туку терористишта биле. Замислете го сега Мицкоски да оди кај нив и да се слика со нивните семејства и да тврди дека ова е само претстава.

Второ: Со рушењето на дивоградбата кај Битпазар СДСМ само покажа дека на тој простор ништо не изградил туку срушил. Што би рекле со минус два. Го сруши споменикот на Ќосето и оваа дивоградба за која сопственикот тврди дека има дукументи. Наспроти тоа ВМРО ДПМНЕ таму не сруши ништо а на тој дел го изгради плоштадот Скендербег, објектот на Македонска опера, нов објект на Министерство за транспорт и врски, плоштадот Филип Втори, Уставен суд, Обвинителство, Министерство за надворешни работи, Финансиска полиција, зграда на Заеднички служби на Владата, нов Кривичен суд, факултет Дамјан Груев кој во моментов пропаѓа, мостот Око и уште два три други објекта.
Можат луѓето од СДСМ да не мразат колку сакаат но ова се неоспорни факти.

П.С. Се извинувам ги заборавив и двете катни гаражи, едната до Кривичен суд а втората наспроти Апелациониот, а за реконструираните мостови да не зборуваме“-напиша тој.

Најнови вести