Немојте да му бидете верни во поразот на Заев, зошто тој ќе биде првиот кој нема да ви биде верен на вам кога ќе морате да одговарате за кршењето на законите, предупредува Јанушев преку отвореното писмо.
-Ве предупредувам – не правете дополнителни штети со хаосот кој го донесовте. Затоа што на почетокот кажав – народот одбива да шета со цревата во раце, да гледа како нестручно го оперирате, сечете и шиете, како му гнојат раните и да се прашува колку ли ќе боли кога ќе дојде на себе. Народот не сака веќе седативи. Немојте да мислите дека има нешто што ви е заборавено, и дека некој од нас ќе погази на зборот кој сега го даваме, порачува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.