петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаулески: Пандемијата со КОВИД-19 ги изнесе на површина сите лаги и манипулации на власта и СДСМ кон студентите

Јаулески: Пандемијата со КОВИД-19 ги изнесе на површина сите лаги и манипулации на власта и СДСМ кон студентите

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески на денешната седница во Собранието на Република Македонија говореше за предлог законот за надополнување на законот за студенскиот стандард по скратена постапка каде што истакна дека пандемијата со корона ги изнела на виделина сите лаги, манипулации и неспособност на Владата на СДСМ.

-Пред на нас стои предлог законот за надополнување на законот за студенскиот стандарт по скратена постапка со кои се додаваат нови одредби за да се регулира начинот за функционирањето на студенските домови во услови на пандемија. Целта на ова решение според предлагачот е да се уреди сместувачкиот капацитет, односно студентите кои конкурирале и им се одобрени барањата за сместување, заради намалениот број на легла поради ковид протоколите студентите нема да можат да се сместат во студенските домови. А на оние студенти кои речиси ќе останат на улица да им се исплаќа месечен надоместок за покривање на трошоците за приватно сместување или превоз од местото на живеење до местото на студирање, но висината да не биде повеќе од 6 000 денари, кажа Јаулески

Според Јаулески пандемијата со корона вирусот ги изнела на површина сите лаги, манипулации и неспособност на власта предводена од СДСМ и лажните ветувања кои биле давани во минатото.

-Да ве потсетам, во програмата на Владата од минатиот мандат стоеше ветување дека ќе изградат студенски град со модерни архитектонски решенија, кино сали, фитнес центри, читални, библиотеки и слично, но три и пол години подоцна можеме да видиме дека од студенскиот град нема ниту обележано територија каде ќе се гради а камоли пак да се фрли камен темелник, нагласи Јаулески

Според пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ доколку ова ветување на СДСМ било обезбедено сега би немало потреба воопшто од ваков закон бидејќи би имало студенски легла и место за сите студенти.

-Беше ветено и дека ќе се изградат студенски капмуси во Штип, Битола и Тетово за денес над 10 илјади студенти кои што редовно студираат во Тетово да не ги опфаќа овој закон, затоа што нема каде да конкурираат, затоа што од ветениот дом со 350 студенски легла исто така нема ниту камен темелник, кажа Јаулески.

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јаулески доколку владата реално сакала да го подобри и олесни животот на студентите кои што не можат да се сместат во студенските домови, требало да прифати барем еден од амандманите на опозицијата кои што ги предложиле на комисијата за образование и спорт.

Јаулески додаде и дека влсата со тоа што не поканила ниту еден студенски претставник на самата дискусијата на комисијата ја покажала својата не грижа кон студентите, како и неодговорноста со грубото отфрлање на сите амандмани и предлози од опозицијата.

Најнови вести