вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Јаулески: Заради големиот замав на коронавирусот, УМС своите капацитети ќе ги вложи во масовно информирање на младите и општото население

Јаулески: Заради големиот замав на коронавирусот,  УМС своите капацитети ќе ги вложи во масовно информирање на младите и општото население

Заради се поголемиот замав на вирусот #COVID19, наместо кампања за парламентарни избори, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ преку Републичката комисија за здравство, своите капацитети ќе ги вложи во масовно информирање на младите и општото население во Република Македонија за можните патишта на ширење на заразата, но и начини на превенција од заразата со овој инфективен агенс.

Информативни постери ќе бидат поставени на најфреквентните места во сите општини во државата, а целиот изработен материјал ќе биде оставен на располагање на јавноста за слободно превземање.

Најважно од се е граѓаните во Република Македонија да бидат ИНФОРМИРАНИ, ПОДГОТВЕНИ и БЕЗБЕДНИ во периодот додека не биде потврден крај на епидемијата, а за целото тоа време да останат СМИРЕНИ и да ги проверуваат изворите на добиените информации кои се однесуваат на вирусот COVID19, информира преску својата Фејсбук страница лидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески.

Најнови вести