сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Јорданов: СДСМ во време на пандемија го стави здравјето на граѓаните во втор план и води кампања за локалните избори во Штип

Јорданов: СДСМ во време на пандемија го стави здравјето на граѓаните во втор план и води кампања за локалните избори во Штип

Во вчерашната дебатна емисија на ТВ Стар гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов кој зборуваше за предвремените локални избори во Штип, на кои ВМРО-ДПМНЕ нема да понуди свој кандидат, односно нема да учествува поради Ковид пандемијата, а од друга страна, СДСМ веќе го промовираше др. Сашко Николов како кандидат за градоначалник.

Јорданов истакна дека ВМРО-ДПМНЕ сигурно нема да учествува на изборите и дека никогаш нема здравјето на граѓаните да го стави во втор план, а на прво место да биде кампањата и градоначалничката фотеља. Јорданов додаде дека СДСМ со кандидатурата на др. Сашко Николов уште еднаш покажа дека не само што не им се важни граѓаните и нивното здравје, туку и како кандидат промовира доктор, кој во моментов мора да биде на располагање на граѓаните во борбата со пандемијата.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да води никаква кампања, но ќе изнесува јасни факти во однос на власта и кандидатот за градоначалник од СДСМ, бидејќи јавноста има право да ја знае вистината за др. Сашко Николов, како и за СДСМ. Дури и СДСМ да ги добие изборите, тие ќе немаат легитимитет поради тоа што повеќе од 2/3 од граѓаните нема ниту да излезат на истите, вели Јорданов.

– СДСМ ќе загуби многу во однос на кредибилитет кај народот, поради тоа што со ваквото одење со глава низ ѕид во време кога секојдневно губиме човечки животи, само докажуваат дека навистина граѓаните ги гледаат само како потенцијални гласачи и ништо повеќе од тоа, заврши Јорданов.

Најнови вести