вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јунакот од ГАК ја доби битката- роден е во петтиот месец, а по 100 дена во инкубатор си оди дома со 2 кг

Јунакот од ГАК ја доби битката- роден е во петтиот месец, а по 100 дена во инкубатор си оди дома со 2 кг

Малото, но силно ноженце на предвремно роденото бебе ја доби животната битка, соопшти денеска од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

-Родено со само 700 грама во средината на петтиот месец од бременоста на неговата мајка. Ова бебе сега има 2 килограма, и тоа силно и храбро ги помина сите премрежја заедно со сестрите и докторите од интензивната нега на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Тримесечното бебе во историјата на предвремно родените бебиња ќе биде запишано како првото преживеано новороденче, дојдено на свет во 23 недела, раскажа педијатар Лилјана Којиќ од Клиниката за гинекологија- Скопје.

Од почетокот на оваа недела момчето не е повеќе во инкубатор, дише самостојно, редовно се храни, а веќе е научен на прегратки. На клиниката е 100 дена. Името ќе го добие дома, а тука го нарекуваат „миленикот”.

Миленикот на скопска гинекологија за неколку дена ќе ја напушти болницата. За тимот на оваа клиника најголема среќа е да дојде нивниот миленик да ги посети, но како гостин.

Најнови вести