понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Како опозиционер зборуваше, како премиер спроведува: Заев ја свитка кичмата за името и никогаш не стана патриот

Денес станаа реалност неговите славни изјави дека Македонија треба да ја свитка кичмата за решавање на спорот со името и онаа дека на СДСМ не му личи да биде патриотска партија.
Како опозиционер зборуваше, како премиер спроведува: Заев ја свитка кичмата за името и никогаш не стана патриот

Во моменти кога Зоран Заев на голема врата преговара да го смени името на Република Македонија, се потсетуваме на неговите изјави од минатото.

Откако со истите разгневи дел од македонската јавност, Заев се обиде да се извади дека “не мислел така“ или дека “медиуми му прават спинови“.

Денес станаа реалност неговите славни изјави дека Македонија треба да ја свитка кичмата за решавање на спорот со името и онаа дека на СДСМ не му личи да биде патриотска партија.

Заев во улога на опозиционер сметаше дека треба да ја свиткаме кичмата во спорот со Грција за нашето уставно име, а денес кога е премиер тој навистина го спроведува замисленото.

Една друга изјава на Заев покажува дека премиерот воопшто не е патриот, ниту тој ниту неговите сопартијци, па излегува дека за интересите на Македонија и народот, не им е грижа.

-Се обидовме во неколку наврати да играме на карта на патриотизмот како партија на која не ни приличи тоа. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме за да бараме шанса за во иднина да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да изиграваме патриоти. Ние сме државотворната партија, ние сме партијата која беше пример за мултиетничкиот соживот, ние сме партијата која ја стави на стабилни нозе оваа наша земја, така да обидувајќи се да ќариме поени кај граѓаните играјќи на патриотски варијанти, како Законот за бранители, Струга, Кичево, не ни приличат нас. Луѓето очекуваат ние да бидеме сплотувачкиот фактор, рече Заев во 2013-та година.

Најнови вести