вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Како Заев ги манипулираше родителите на убиените деца: Им ја ветуваше вистината и пораките, а им го сврте грбот штом дограби власт

Како Заев ги манипулираше родителите на убиените деца: Им ја ветуваше вистината и пораките, а им го сврте грбот штом дограби власт

Пет или шест телефонски броја, најверојатно на функционери на ДУИ поврзани со осудените во случајот „Монструм“, се информациите што ги поседува СДСМ во дел од аудиоснимките од прислушуваните разговори, се сомневаат роднините на убиените кај Смилковско Езеро. Според роднините, зад тие броеви се кријат високи владини функционери, но бидејќи се државна тајна, Заев во пораката до нив вели дека ако ги објави, ќе стори кривично дело.

Оваа информација е објавена на 6-ти јули 2015-та година.

Во периодот кога тогашниот опозициски лидер, а денес премиер, Зоран Заев, ги објавуваше “бомбите“, меѓу главните адути му беа доказите кои велеше дека ги поседува за монструозното убиство на деца и маж кај Смилковското езеро.

Јавноста се крена на нозе очекувајќи информации, новинарите поставуваа прашања за оваа тема на речиси секоја прес-конференција, а одговорите од страна на Заев варираа.

Најизиграни во овој случај беа родителите на крвнички убиените момчиња. Низ нивната болка се газеше со секој збор изговорен од човекот кој им ја ветуваше вистината.

Во периодот април или мај 2015-та година, Заев испратил СМС пораки до родители на убиените деца. Истите беа објавени од страна на ФОКУС.

„Во следните две седмици ќе објавиме сѐ што поседуваме, а вам би сакал да ви ги дадам телефоните што ги кријат, а не ви ги кажуваат на посебна средба затоа што тоа е обезбедено со посебни истражни мерки и не може да го објавам затоа што законски е недозволиво. Значи вам ќе ви ги дадам. Но секако знам што очекувате од објавувањето… но тоа што ќе го објавиме е сѐ што имаме“.

 

Денес, шест години по грозоморното убиство, а три години по лажната надеж која Заев им ја даде, родителите живеат во агонија и ја бараат правдата.

Горан Наќевски, татко на Александар кој заедно со уште четворица пред шест години беше убиен кај Смилковското езеро, на последното рочиште за случајот Монструм се обрати пред судот.

И тој, како и претходно неговата сопруга побара од судот јавно да се објави чии се петте телефонски броеви кои се заведени како државна тајна, а комуницирале со сега обвинетите во случајот Монструм.

-На една од средбите, сегашниот премиер Зоран Заев ни кажа дека тие броеви се на пет функционери од ДУИ, а ни покажа и транскрипт од разговор воден помеѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири. Не ни ги даде транскриптите бидејќи ни рече дека ќе сторел кривично дело, но затоа бараме од судот да изврши претрес во СДСМ и да ги одземе овие документи. Бараме и Заев, ако треба и стражарно да се донесе во судница, па тука да се соочи со сите родители за да видите дека ја зборуваме вистината.

Неговата сопруга и мајка на убиениот Александар тогаш прочита транскрипт од разговор кој гласи вака: „Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не го довршив тој никаквец“.

 

 

 

 

 

Најнови вести