недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Какво време нè очекува утре и во наредните денови?

Какво време нè очекува утре и во наредните денови?

Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд, а попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информираат од УХМР.

Утре попладне и во среда претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините во северозападните делови ќе врне снег. Од утре повремено ќе дува засилен северен ветер.

Најнови вести