вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Калајџиев: Нé залажуваат дека состојбата брзо ќе биде надмината

Калајџиев: Нé залажуваат дека состојбата брзо ќе биде надмината

Професорот од Правниот факултет од Скопје, Гордан Калајџиев, на денешната Топ тема на Телма телевизија истакна дека Владата залажува дека состојбата брзо ќе биде надмината, но бројките не го велат тоа.

-По малку нé залажуваат со тоа дека состојбата брзо ќе биде надмината, со оглед на тоа дека бројките за епидемијата кај нас не го кажуваат тоа и слушам дека се зборува дека е среќна околност дека подеднаков број на луѓе влегуваат во болница, меѓутоа болниците се полнат. а не излегуваат луѓе од нив, па по тоа не ни се пишува така розево, вели Калајџиев.

Професорот критикуваше дека среќни се бројките за заразени со оглед на капацитетите на владата, нејзината политизираност, несоодветна и партизирана администрација, ова не е резултат на вистински мерки, а се нема ни капацитет за да се оцени доволноста на мерките.

-Мене ми изгледа дека владата за некои мерки претерува, барајќи алиби за неизвесноста која допрва престои, да покаже дека ние се превземавме, се па и дури и построги мерки од тие што се бараа, вели професорот Калајџиев.

Најнови вести