петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

Катругалос за Македонија: Не сум сигурен дека Бугарија е сама, има и други држави кои стојат на вашиот пат кон ЕУ

Катругалос за Македонија: Не сум сигурен дека Бугарија е сама, има и други држави кои стојат на вашиот пат кон ЕУ

Не можам да кажам дека сум голем оптимист, но можам да ви кажам дека во секој случај европското јавно мислење целосно ја поддржува вашата позиција и генерално перспективата на Западен Балкан, вели поранешниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос во интервју за МКД.мк. Имате сојузници во ЕУ, но има и забелешки за вас, Бугарија не е сама. Таа може да се убеди само со колективен напор на ЕУ, вели тој. Доцниме со спроведувањето на Преспанскиот договор, признава Катругалос.

МКД: Вие нѐ поддржувате, повеќето членки на ЕУ ја поддржуваат нашата позиција, но на крај има една земја-членка што е против тоа. Како ќе ја разубедиме таа земја, во случајов Бугарија?

-Не сум сосема сигурен дека е само една земја. Ние знаеме една земја бидејќи е многу гласна во однос на ова прашање, но не можам да речам дека нема забелешки, има забелешки, вели тој.

МКД: Од други земји?

-Претпоставувам дека е така. Ја видовте информацијата на Ројтерс за проширувањето. Она што е поддршка сега е генерална поддршка на јавното мислење, мислам во повеќето земји, повторно не велам во сите земји. А како ќе се трансформира таа поддршка е политичка одлука. Целосно ја разбирам фрустрацијата и разочарувањето кај луѓето во Северна Македонија. Единствената работа што можам да ја кажам е дека немате само забелешки, туку имате и сојузници. Ние во Грција сме посветени да ви помогнеме, истакна Катругалос.

Целото интервју со него, прочитајте го на МКД.МК

Најнови вести