Почина 65-годишна кавадарчанка со КОВИД-19 на пат кон скопска клиника.
Како што изјави за МИА д-р Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог од кавадаречкиот Центар за јавно здравје, во последните 24 часа во Кавадарци се потврдени 11 позитивни случаи.
Новозаболените се на возраст од 1 до 61 година, од двата пола. Едно лице на возраст од 38 години е хоспитализирано на скопска клиника.