понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Клековски: Грците немаат проблем со името на државата, туку со постоењето на македонската нација

Клековски: Грците немаат проблем со името на државата, туку со постоењето на македонската нација

Политичкиот аналитичар Сашо Клековски во емисијата 360 на Алсат М телевизија истакна оти Грција нема проблем со називот на државата Република Македонија, туку дека проблемот на Грција се Македонците и постоењето на македонската нација.

Тој го спомена примерот со грчките преводи во Брисел во Европската Унија на документи во кои се споменува македонскиот јазик. Во грчките документи македонскиот јазик е преведен како славомакедонски. Тој вели „Ние тоа треба да го разбереме дека Грците немаат проблем со државата, тие имаат проблем со нас, со постоењето на македонската нација“. Сите одредници ним им се проблем, дали станувало збор за името на државата, јазикот или народот додаде тој.

Според Клековски непочитувањето на привремената спогодба и пресудата од меѓународниот суд во Хаг успешно и помина на Грција, а со тоа се намали преговарачката позиција на Македонија и сега тие немаат ниту што да добијат, ниту да изгубат со решавање на спорот за името.

Клековски констатираше дека дури и да се дојде до некаков договор или решение тој не смее да стапи во сила пред да станеме членка во Европската Унија, бидејќи никој не ни гарантира дури и да го промениме името дека ќе станеме членка на ЕУ, односно да го смениме името за џабе, споменувајќи го референдумот во Холандија кој го организираше десницата со кој се блокираше потпишувањето на договорот за стабилизација и асоцијација во ЕУ на Украина.

Најнови вести