Со неколку политички грешки со донесувањето на законот за јазиците, СДСМ го потроши кредитот кај граѓаните. Политичкиот аналитичар Сашо Клековски смета дека освен со содржината на Законот за јазиците со која се револтира десничарското гласачко тело, процедурата во која тој се донесе, лошо се одразува кај традиционалните гласачи на СДСМ но и граѓанскиот сектор, објави Сител телевизија.
-Со носење на Закон за јазици на таков начин на кој се донесе сериозно се потроши кредитот меѓу поддржувачи на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Она што можеше да се види како јавна реакција на многу луѓе кои во минатиот ја поддржуваа Шарената револуција, го подржуваа ја СДСМ, се многу критички по ова прашање, вели Клековски за Сител.
Според Клековски, лош е и тајмингот на носењето на законот. Тој очекува дополнителна поларизација на општество што според него, не е добра клима за политички дијалог меѓу власта и опозицијата кој е клучен во време кога се дава шанса за забрзување на евроатланската интеграција.
Клековски вели дека носењето на Законот за јазиците, многу потсетува на црниот понеделник во Собранието.