вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кога Заев се прави патриот: Смени име, облече дрес, популизмот пуштен на најјако

Кога Заев се прави патриот: Смени име, облече дрес, популизмот пуштен на најјако

„Целата земја“, „целата држава“, „заедничката татковина“. Ова се зборовите на премиерот Зоран Заев кој ги употреби за името на државата при дочекот на македонската фудбалска репрезентација на граничниот премин Блаце по враќањето од Тбилиси, Грузија каде со победата се пласираа на Европско првенство.

-Голема е радоста што вечерва ја преплави целата земја. Оваа радост ја донесоа македонските фудбалски јунаци кои ги оставија срцата на теренот во Тбилиси и донесоа победа која македонската историја не ја памети до сега, со што Македонската фудбалска репрезентација ќе учествува на Европското фудбалско првенство. Целата држава, сите македонски граѓани ја споделуваат радоста за успехот на фудбалската репрезентација. Еден гол за сите, една победа за сите. Така е кога заедно играат Македонци, Албанци, Турци… во исти дресови, под исто знаме и за заедничката татковина, рече Заев.

Ваквата негова изјава и избегнувањето на употребата на „Македонија“ во истата наиде на жестоки критики во јавноста и на социјалните мрежи.

По промената на името на државата кое го прифати Заев, за многумина е лицемерно тој да глуми патриот, сликајќи се облечен во дресот на македонската фудбалска репрезентација и македонското знаме. Притоа, ниту еднаш да не изговори Македонија.

Се чини Заев во обид да избегне осуда од граѓаните, за време на настани кои ги обединуваат сите националности во Македонија, избегнува да изговори Македонија или Северна Македонија, па користи други термини. Но, граѓаните и ваквиот негов потег го препознаваат и преку социјалните мрежи му укажуваат.

Најнови вести