По прележување на ковидот дел од пациентите се соочуваат со пост-ковид симптоми, кои најчесто се манифестираат со малаксаност, тахикардија, главоболки..
-Пациенти со повеќе симптоми неколку месеци по прележан ковид, мораат да одат од врата на врата кај неколку специјалисти во различни клиники за да добијат третман за здравствените тегоби. Овој проблем во Европа и во Америка е решен со т.н пост-ковид амбуланти, вели кардиологот Проф. Д-р Славчо Тошев, пренесе Канал 5.
Д-р Тошев, базирајќи се на светските истражувања на пациенти кои лежеле во болница, појаснува оти најчест знак за пост-ковид синдром е малаксаност, а дел од пациентите имаат болки во градите, главоболки, тахикардија, ама ретко кој има само еден симптом.
Пост-ковид синдромот се јавува по вториот месец од прележан ковид, а најчесто завршува по шест месеци. Со исти тегоби што биле присутни за време на болеста, почесто и подолго се соочуваат оние пациенти кои поради компликации од вирусот завршиле во болница и биле третирани повеќе недели.
Прилогот на Канал 5 погледнете го во продолжение