понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Коментари на социјалните мрежи: Истрајна борба на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за спречување на криминалот на Заев

Коментари на социјалните мрежи: Истрајна борба на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за спречување на криминалот на Заев

Низа позитивни реакции на социјалните мрежи откако вчера во Собранието по повеќе од дваесет часа расправа не се досене Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка.

Граѓаните ги поддржуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не дозволија да се изгласа ова законско решение со кое се предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.

Во текот на расправата која траше и изминатата ноќ, пратениците од опозицијата со говори, реплики и контрареплики го спречија донесувањето на овој закон. Тие сметаат дека предложеното законско решение е еден од серијата закони што ја убиваат правдата и ги прекршуваат основните начела на правото.
Според нив, не може да има закон за спор зашто тој се решава со медијација и во судовите.

Најнови вести