Меѓународна конференција посветена на „Градење на модерни, професионални и претставнички парламенти“ ќе се одржи денеска и утре во Собранието на Република Македонија.
Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат претседателот на македонскиот Парламент Талат Џафери и американскиот амбасадор Џес Бејли.
На дводневната конференција има повеќе сесии чии теми опфаќаат: Градење отвореност: Отворено владино партнерство и HDP, работење со партнерите за парламентарен развој, Градење транспаретност: Како да се зајакнат релациите помеѓу парламентите и организациите на граѓанското општество, Надминување на јазот на инклузијата, Новости и предизвици во создавањето на модерни и инклузивни парламенти: Косовски пример, РМ: Законодавни решенија за градење доверба со јавноста, Градење транспаретност преку комуникации и информирање на граѓаните, Новости и предизвици во создавањето на модерни и инклузивни парламенти: Киргиски и пример од Шри Ланка, Модернизација на институциите преку зајакнати парламентарни истражувања и обуки.
Обраќања ќе имаат претставници и советници од американскиот Конгрес, од УСАИД, од организацијата Отворено владино партнерство, пратеници од македонскиот, грузискиот, киргискиот и Парламентот на Шри Ланка, како и претставници на невладиниот сектор.