четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Контраспин на Заев: Се вршел терор врз пратениците за да не гласаат за Законот за ЈO?!

Заев сега тврди дека кога Владата го пратила во собраниска процедура тој имал збор од 80 пратеници дека ќе дадат поддршка, но оти оттогаш се случувале притисоци и закани кон пратениците?! Познавачите ова го толкуваат како признание за претстојниот пораз за законот за ЈО, но и ишкање на мувата од капата и контраспин на Заев од реалната ситуација во момент кога власта е онаа која очигледно како и при гласањето на уставните измени, сега врши силни притисоци врз пратениците за да се прифати закон кој носи со себе амнестија на криминалот на актуелната валдејачка гарнитура, предводена до вчера токму од Заев.
Контраспин на Заев: Се вршел терор врз пратениците за да не гласаат за Законот за ЈO?!

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска изнесе сомнителни наводи дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеници од оваа партија вршеле притисок врз други пратеници за да не се гласало за законот за јавно обвинителство. Тврди и дека кога Владата го пратила во собраниска процедура тој имал збор од 80 пратеници дека ќе дадат поддршка, но оти оттогаш се случуваат притисоци и закани кон пратениците?! Познавачите ова го толкуваат како ишкање на мувата од капата и контраспин на Заев од реалната ситуација во момент кога власта е онаа која очигледно како и при гласањето на уставните измени, сега врши притисоци врз пратениците за да се прифати закон кој носи со себе амнестија на криминалот на актуелната валдејачка гарнитура, предводена до вчера токму од Заев.

Дали за законот ќе било обезбедено двотретинско мнозинство, посочи Заев,  ќе се знаело дури кога ќе треба да се гласа за него.

–  Имав збор, но тоа што се случува е вистинска драма – вели Заев.

Верувале или не, но Заев додава дека притисокот што наводно се вршел врз пратениците е десетпати поголем од оној што се вршел за време на уставните измени. Се правда и дека во него немало никаква скриена амнестија. – И снимките да се обезбедени со ПИ Мерки не може само врз основа на нив да се покрене обвинение, за тоа мора да има материјални докази – рече Заев.

Човекот кој три пати е аболициран и аменстиран за различен криминал (Еднаш за Глобал, втор пат за уцените во „Пуч“ и трет пат за „Поткуп“) се надевал дека ќе се смогнат сили законот да биде донесен и да се озбебедело владеење на правото, за како што рече, да сме се осигурале дека ќе функционира правната држава и правдата или ќе им дозволи на бандитите или осомничените за незаконски дејства да успејат, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Најнови вести