четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Коронавирусот ја “нападна“ и АРМ: Ќе останеме ли без дел од армијата во вонредна состојба?

Коронавирусот ја “нападна“ и АРМ: Ќе останеме ли без дел од армијата во вонредна состојба?

По соопштението до јавноста од страна на Армијата на Република Македонија дека се потврдени два случаи на позитивни припадници на АРМ на корона вирусот, се поставува прашањето дали ваквата ситуација ќе има дополнителен отежнителен ефект врз спроведувањето на задачите на АРМ за поддршка на полициските сили на Министерството за внатрешни работи и за поддршка на единиците на локалната самоуправа?, вели универзитетскиот професор по добрана и безбедност Александар Нацев.

Факт е дека имаме само два потврдени случаи на заболени припадници, но останува сомнежот и исчекувањето дали ќе има покачување на таа бројка. Да не заборавиме дека касарната „Илинден“ е касарна со голем број на војници, и во неа се сместени сите специјални сили на АРМ („Волци“ и „Ренџери“), но и припадниците на Воената Полиција и на голем број други единици, што значи има голема фреквентност на движење низ касарната. Да не се занемари и фактот дека добар дел од овие војници патуваат секојдневно од други градови до своето работно место, а автобусите со кои доаѓаат на работа се полни секој ден, и нивната дезинфекција зависи од совеста на приватните превозници кои го имаат добиено тендерот за превоз. Во ова време, кога припадниците на Армијата имаат голем број на задолженија и имаат насоки да вршат поддршка на полициските сили преку воспоставување на мобилни пунктови и контролни точки во реоните за ангажирање, вршат поддршка на полициските сили во обезбедување на личности и објекти и помагаат при обезбедување и надзор на граничната линија на државната граница, се поставува едно логично прашање, а тоа е дали ќе се намали оперативноста на армиските сили, доколку голем број на припадници бидат приморани да заминат во самоизолација или во карантин? А ова се чини дека ќе биде неопходно, заради големата циркулација на војници низ воениот ресторан во касарната „Илинден“, кој во просек обезбедува околу 400 оброци дневно. Затоа, потребно е сериозно оценување на состојбата и преземање конкретни мерки како затворање и целосна дезинфекција на ресторанот во касарната, потоа сите што биле во директен или индиректен контакт со потврдените лица да се изолираат, па дури и да се изолира целата касарна „Илинден“, пишува универзитетскиот професор Нацев.

Најнови вести