Ковачевски со истите празни фрази на Заев, нема место во политиката за децата од олигархијата и криминалната транзиција. Димитар Ковачевски е син на поранешниот градоначалник на Куманово во време на транзицијата од редовите на СДСМ, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Таткото на Ковачевски бил и амбасадор во Црна Гора исто така предлог на СДСМ.
Димитар Ковачевски е заменик министер за финансии и како таков тој нема направено ниту еден проект за доброто на граѓаните. Наспроти тоа во негово време ни се случи јавен долг 7 милијарди, 60.000 луѓе на улица, 5.600 затворени фирми, инфлација.
И Заев ги ветуваше истите работи како и сега Ковачевски. Однапред се знае исходот“ – вели тој.