петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски за Бектеши: Тој е по спортот, играл за Влазерими како млад, а сега игра кај Груби во канцеларија (ВИДЕО)

Ковачевски за Бектеши: Тој е по спортот, играл за Влазерими како млад, а сега игра кај Груби во канцеларија (ВИДЕО)

Поранешна ракометарка го застана премиерот Димитар Ковачевски на пазарењето пред камери утрово за да го поздрави. Му се претстави како најдобра голманка во Македонија и пред камерите си најдоа заеднички пријатели, но на премиерот не му се зборуваше многу за спортот па посочи дека министерот за економија Крешник Бектеши, кој стоеше до него, бил спортист.

„Он е по спортот. Играл за Влазерими како млад, а сега игра кај Груби у канцеларија“, рече премиерот.

Министерот Бектеши се насмевна на оваа забелешка и потврди дека играл фудбал за Влазерими од Кичево, па двајцата продолжија со пазарење.

извор: makfax.com.mk

Најнови вести