На денешната прес конференција, Драган Ковачки од страна на новинарите беше прашан кој е неговиот коментар околу средбата на претседателот Пендаровски со македонските здруженија од Бугарија, при што тој одговори:
– По однос на првото прашање во врска со средбата на претседателот Пендаровски со македонските здруженија кои што тој ги нарече здруженија на граѓани, значи се продолжува со таа анационална политика на Зоран Заев, Ковачевски, Османи во координација на Стево Пендаровски. Тоа е само блед обид за допадливост. Ги повика за да ги понижи и за да се додвори на бугарската страна. Со тоа го покажува неговото вистинско лице.