понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кривична пријава за кандидат за градоначалник на СДСМ: Вештачел ожнеан јачмен, истиот – два пати! (ДОКУМЕНТИ)

Кривична пријава за кандидат за градоначалник на СДСМ: Вештачел ожнеан јачмен, истиот – два пати! (ДОКУМЕНТИ)

Кривична пријава за кандидатот за градоначалник на СДСМ за Демир Хисар, Стевче Митревски, вештачел ожнеан јачмен и тоа истиот – два пати!

Иако јачменот веќе бил ожнеан, Стевче Митревски како вешто лице, спротивно на Закон и спротивно на Условите за осигурување на посеви и плодови, без никакви контролни примероци, кои и не може да ги има со оглед на тоа што јачменот веќе бил ожнеан, изготвил Извештај за извршено вештачење во јули 2018-та година.

За парадоксот да биде уште поголем, за истата нива која се наоѓа во атарот на село Гермијан, битолско еднаш веќе извршил вештачење и на фирмата и била исплатена осигурителна отштета. После еден месец фирмата повторно пријавила штета од невреме – град, а истото вешто лице Стевче Митревски повторно извршило вештачење, но овој пат јачменот веќе бил ожнеан.

Како успеал да го извештачи ожнеаниот јачмен ќе треба да докажува пред надлежните органи. Во меѓувреме, Осигурителната компанија ангажирала проценител и вештак, поднела кривична пријава каде како третообвинет се јавува токму Стевче Митревски, актуелен кандидат за градоначалник на Демир Хисар, а обвинителството побарало од МВР да го доистражи случајот.

Добро би било Обвинителството и МВР, да ги известат граѓаните до каде е случајот, за да истите можат непречено и објективно да донесат правилна одлука при изборот на градоначалник за Демир Хисар на локалните избори.

Што е тоа што го натерало Стевче Митревски да изврши такво лажно вештачење и да се соочи со пријава која го терети за прекршување на Кривичниот закон е прашање на кое тој лично треба да одговори.

Можеби медиумски ќе се обиде да манипулира, но пред истражните органи покрај доставените докази, нема да може.

Доказите до кои дојде КУРИР, како што е кривичната пријава, извештај-вешт наод, Наредба од Обвинителство до МВР, ви ги прнесуваме во продолжение.

 

 

 

Најнови вести