среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Анализа: „Ла Верита“ обелоденува криминали, Заев „мува не го лази“

Анализа: „Ла Верита“ обелоденува криминали, Заев „мува не го лази“

Италијанскиот весник „Ла Верита“ минатата година го откри најголемиот скандал во историјата на Македонија.

Скандалот наречен „Рекет“ во кој можевме да видиме и да слушнеме криминал од највисок ранг. Во случајот „Рекет“ е вмешана, а од неодамна и обвинета поранешниот специјален јавен обвинител, Катица Јанева.

Од видеата со разговорите кои македонската јавност имаше можност да ги види и чуе, а и според анализите направени од експерти, може да се заклучи дека се работи за добро организирана група и систем, кој имал во план да рекетира бизнисмени и политичари кои имаат обвинениjа од СЈО.

Бојан Јовановски, Катица Јанева се обвинети, а Зоран Милевски – Кичеец го призна делото со што доби три годни затвор во случајот „Рекет“. Со ова, италијанскиот весник доби силен кредибилитет во Македонија, нивната сторија и судските инстанции ја потврдија како реалност.

Но „Ла Верита“ не запира тука. Италијанскиот весник изминатиов период објави серија на криминали во кои  се вмешани високи преставници на власта на СДСМ.

Купување на гласови пред избори, како Заев победувал во Струмица, Како Вице Заев врши поткуп на гласачи, како се купувале албанските гласови и уште многу скандали.

Имено адвокатот Панче Тошковски во едно свое гостување на национален медиум, кажа дека ова е класичен пример како не треба да се води еден случај.

-Овој случај е пример како со злоупотреба на службена положба и овластувања од страна на носители на одредени извршни функции се заташкува суштината на еден предмет, кој што сите видовме дека во основа е носење на торби со милиони за реализација на одредени побарувања кои што ги имале одредени луѓе во рамки на одредена постапка, вели Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ за Алфа.

Тошковски посочи дека СДСМ се обидува да продаде приказна на јавноста дека милионскиот рекет го извршиле само Бојан Јовановски наречен Боки 13 и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, односно како што рече тој токму ова ќе биде една од клучните работи поради која СДСМ ќе замине во историјата. Власта се обидува да продаде приказна на македонскиот народ дека ваков 20 милионски рекет го извршиле некој си сопственик на телевизија и некоја си специјална јавна обвинителка. Но, оваа приказна не може да ја продадат на јавноста и токму ова ќе биде една од клучните точки зошто оваа власт ќе замине во историјата, нагласи Тошковски.

Според него, случајот Рекет е синоним за неуспешна година на власта, додавајќи дека ова е се само не е власт каква што треба да биде.

Во еден текст на новинарот Бранко Геровски, кој пак го најави случајот „Рекет“, може да се прочита и дека Пет најблиски соработници на тогашниот премиер Зоран Заев биле менаџери на целиот овој случај.

-Ако пропеат Боки, Фросина и Катица – а првите двајца веќе најавуваат дека нема да молчат – ќе дознаеме за поврзаноста со „Рекет“ на блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, на многу важен советник на Заев од една странска земја, на познат интелектуалец и на познат новинар кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, на многу близок човек на Зоран Заев, кој ги менаџира и контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава. Она што го знаеме за „Рекет“ е само врвот на ледениот брег, напиша Геровски.

Не е тешко да се претпостави на кого мисли Геровски и кој е ликот од опкружувањето на Заев кој ги контролира најголемиет бизниси во Македонија.

Вистинскиот проблем е што провладините медиуми го игнорираат најновиот скандал кој го обелодени „Ла Верита“? На иста линија е и власта која постојано ги маргинализира доказите кои весникот ги приложува, иако пред само половина година се покажа на дело дека се работи за весник со силен кредибилитет, медиум кој на македонската јавноста и’ ја откри најголемата афера од независноста на државата, скандалот Рекет.  Конкретно, се поставува и прашањето зошто Зоран Заев се’ уште го избегнуваа директниот одговор, спинувајќи и заобиколувајќи со прикаската дека ако имало докази за неговата вмешаност во изборни измами, тогашната власт ќе го затворела. Индикативен е и молкот на обвинилетството, т.н. Русковска обвинителство, кое очебијно, не бадијала го доби тој предзнак.

Доколку се земе праксата од минатото, сите претходни влади после секој скандал или обвинување излегувале со соопштенија и објаснување околу истиот, но најверојатно екс премиерот Заев е решен да ја прекине таа пракса, одбегнувајќи одговорност и надевајќи се дека случајот нема ни да се отвори до изборите на 12.април.

До тогаш, се надева ли Заев на заштита од Рускоска обвинителството и Кацарска судството, врзани со силна владино-судска спрега во моментот, функционална алатка докажана во повеќе наврати и случаи со целосно двојни аршини – едни за припадниците на СДСМ и сосема поинакви за сите останати.

Се крсти ли Заев во примерите со смешните „казни“ и пресуди за првиот човек на Шутка, Курто Дудуш и за градоначалникот-шверцер Боро Стојков?

Во меѓувреме, македонската јавност е принудена вистината да ја дознава од „Ла Верита“ и од малкуте медиуми кои не се под директно влијание на СДСМ, партија која толку силно се „бореше“ и  само декларативно се залага за слобода на новинарството и професионализам во фелата.

Најнови вести