понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЛИЦЕМЕРНО: Заев и министрите се сликаат во фабрика со 6.000 вработени што жестоко ја критикуваа, а самите не донесоа ниту една инвестиција

ЛИЦЕМЕРНО: Заев и министрите се сликаат во фабрика со 6.000 вработени што жестоко ја критикуваа, а самите не донесоа ниту една инвестиција

Премиерот Зоран Заев и дел од неговите министри, се сликаа во фабриката Кромберг и Шуберт која има 6.000 вработени. Оваа инвестиција е донесена во Македонија од претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Посетата на Заев и министрите од СДСМ на фабриката Кромберг и Шуберт е во најмала рака лицемерна. Јавноста добро ги памети критиките кои Заев и неговата партија, тогаш од улога на опозиција, ги испраќаа на оваа адреса.

 

Германските инвеститори за владата на Заев: Влошени услови за бизнис, економската состојба е полоша од лани, најголем проблем е корупцијата

Повеќето од германските компании кои работат во земјава сметаат дека економската состојба е далеку полоша од лани покажува анкетата што ја спроведе германското стопанско здружение.

Германските компании имаат повеќе забелешки во врска со целокупната состојба во Македонија која директно и индиректно влијае врз бизнисот. Така податоците од анкетата кажуваат дека германските компании имаат критики кон високото ниво на корупција и криминал. Исто така ова го потврдија и голем број на реномирани институции како Транспаренси Интернешнал кој ја рангира Македонија на 107 место од 180 земји каде земјата имаше пад од цели 17 места споредено со резултатите во 2016 година.

Понатаму, според анкетата политичката несигурност е исто така проблем и исто така компаниите сметаат дека на незадоволително ниво е и правната безбедност.

Имено, Македонија се соочува со најлошите економски резултати во последните години. Така земјата во првото тромесечје од оваа година имаше пад на просечната плата од скоро 876 денари односно забележан е пад на просечната плата во февруари овој месец од 3,6 %.

Македонија ја заврши годината со 0 % раст на БДП што е најкатастрофалниот резултат во историјата на земјата и најлош во регионот и Европа.

Во јавноста излегоа информации за зголемување на јавниот и државниот долг. Така оваа влада го зголеми јавниот долг на над 5 милијарди евра, а државниот долг на над 4 милијарди евра. Експертите велат дека психолошката граница од 5 милијарди евра задолжување е пробиена и ова значи дека граѓаните се во страв и грч за својата иднина и иднината на своите семејства.

Според сите овие информации не е воопшто за чудење скептицизмот и критиките од германските компании во Македонија. Експертите сметаат дека оваа влада не води добра економска политика и дека сите економски индикатори го покажуваат тоа.

Најнови вести