Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против :Л. Д. , директор на Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност.
Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави и против:
З. З. во својство на управител и сопственик на Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје;
А. Г., во својство на надворешен соработник во Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност;
А. П. во својство на благајник во Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност
Поради постоење на основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 вв став 1 и став 3 вв со член 45 од Кривичниот законик и кривично дело Измама на штета на средства на европската заедница од член 249-а став 1 вв со член 22 од Кривичениот законик, кривично дело Соизвршителство од член 22 од Кривичен законик, и кривично дело Несовесно работење во служба од член 353-в став 1 од Кривичениот Законик.
Пријавените Л. Д. како директор на НАЕОПМ, З. З како управител и сопственик на Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје, А. Г. како надворешен соработник и А. П. како благајник на НАЕОПМ причиниле штета од големи размери на доверените средства на Европската заедница во вкупен износ од 25.334.543,00 денари.